Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, во интервју за „Радио Слободна Европа“ изјави дека во ревизорските извештаи објавени во април констатирани се неправилности на Клиниката за онкологија, но и во битолската болница.
Вели дека и двете болници располагаат со акцелератор кој е наменет за лекување на онколошките пациенти, но апаратите не се ставени во функција, и покрај тоа што била платена поголема сума за нив.
Констатиран е и проблем со начинот на кој се водело издавањето на терапијата на Клиниката за онкологија, односно лицата кои се ставаат на терапија, набавката на терапија и евиденцијата.
За битолската болница, во извештајот, ревизорите констатирале незаконски исплати, недозволена прекувремена работа и злоупотреба на термините за прегледи.
Целото интервју на РСЕ.