Макс Ферстапен не успеа да победи на вчерашниот спринт на патеката Лусаил во Катар, но со своето второ место на неа ја обезбеди третата последователна светска титула во Формула 1. Денеска трикратниот светски шампион ќе има златна шанса да додаде уште еден трофеј на неговата колекција за време на главниот настан на Големата награда на Катар.
Во неа Холанѓанецот ќе стартува од пол-позицијата, која веќе ја заработи во петокот. До него во првиот ред ќе биде возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, а на вториот ред ќе застанат старите познаници Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо.
Шарл Леклер ќе стартува како петти, а победникот во спринтерската трка Оскар Пјастри ќе стартува од шестата позиција. Австралиецот и неговиот тимски колега од Мекларен,
Ландо Норис требаше да стартуваат напред, но ги загубија најбрзите кругови на крајот од квалификациите поради излегување надвор од патеката. Пјастри требаше да започне четврти, а Норис втор, но наместо тоа двајцата ќе стартуваат на шестото и на десеттото место.