Израел официјално e во војна

Израел-официјално-e-во-војна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Безбедносниот кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа објави официјално влегување на земјата во војна и дозвола за извршување значајни воени активности.


„Тајмс оф Израел“ пишува дека ова денеска го соопштија од кабинетот на Нетанјаху.

Весникот потсетува дека израелскиот премиер изјави дека Израел е во војна по вчерашниот напад на терористите на Хамас на југот на земјата, при што загинаа стотици луѓе.

Се наведува дека одлуката на Кабинетот за безбедност, во кој се собраа највисоките лидери на земјата, е донесена за да стапи во сила на клаузулата 40 од Основниот закон за Владата на Израел.

Жестоки борби се водат во близина на јужниот израелски град Магена, кој се наоѓа во близина на границата со Појасот Газа.

„Тајмс оф Израел“ пишува дека борбите се меѓу израелските војници и палестинските терористи.

Се наведува дека медиумите на хебрејски јазик објавија дека израелските одбранбени сили (ИДФ), како што официјално се нарекува војската на земјата, исто така користат тенкови против терористите во областа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK