Атлетико Мадрид, на крајот од сезоната може да врати голем дел од парите што ги вложи во трансферот на Жоао Феликс. Младиот Португалец, во 2019 година се пресели во Мадрид за клупски рекорд од 126 милиони евра. Во Атлетико само на моменти покажуваше со каков талент располага.
Жоао Феликс, најмногу поради несигласувањата со тренерот Диего Симеоне и своето незалагање на теренот, во јануари се пресели на позајмица во Челси. Новиот тренер на „сините“, Маурицио Покетино на крајот од сезоната го советуваше клубот да не го откупува неговиот договор.
Феликс се врати во Мадрид, а Атлетико веднаш одби понуда од Саудиска Арабија. Клуб од оваа земја понуди 15 милиони евра за едногодишна позајмица.
Во финишот на преодниот рок, Атлетико и Барселона постигнаа договор и Португалецот повторно како позајмен играч замина од „Метрополитано“. Пред да замиен во Барселона, Атлетико инситираше тој да го продолжи договорот до 2029 година за да ги амортизира трошоците.
Феликс во Барселона изгледа доста добро на теренот, Шпанците тврдат дека Барселона сака да го откупи неговиот договор. Атлетико нема да се противи да го продаде Португалецот но само за сума од 80 милиони евра.
Медиумите во Шпанија пишуваат дека Барселона веќе прави сериозни напори за да собере пари да го откупи договорот на Феликс.