Непознати сторители успеале да влезат на стадионот на фудбалскиот клуб Ленс и да го оштетат теренот. Два дена пред натпреварот меѓу Ленс и Лил истуриле киселина врз тревата.
Инцидентот е пријавен само еден ден откако Ленс го победи Арсенал со 2-1 во Лигата на шампионите.
Нормално, сомнежот веднаш падна кај навивачите на Лил кои имаат децениско ривалство со поддржувачите на Ленс.
Очигледно е дека „натрапниците“ го искористиле моментот на големо славје и невнимание на сите во клубот, го дочекаа моментот и го реализираа својот план, а во исто време испратија порака до „вечниот ривал“ пред неделниот судир.
Дека навивачите на Лил се одговорни за оваа инвазија сведочат налепниците со пароли против Ленс кои ги залепија на неколку места на стадионот.
Ленс во соработка со полицијата брзо презеде одредени чекори за откривање и казнување на сторителите, а што се однесува до теренот, тој ќе биде поправен за неделното дерби и подготвен за мечот.