Кошаркарите на Фенербахче го победија Армани по продолжение со 85:82. Новиот играч на „манекените“, Никола Миротиќ, одигра блескава партија постигнувајќи 24 поени, но промаши тројка со која можеше да ја продолжи драмата во Истанбул.
Херој на Фенербахче беше Скоти Вилбекин кој постигна 19 поени, а Марко Гудуриќ мечот го заврши со 15 поени.
Панатинаикос и Олимпијакос исто така играа продолжение откако во регуларниот дел мечот заврши 74:74. Панатинаикос загуби топка за напад за победа, а во дополнителните пет минути многу подобра игра прикажа Олимпијакос кој на крајот дојде и до убедлива победа од 78:88.
Слукас со 20 поени беше најефикасен на мечот и кај ПАО, додека кај Олимпијакос, Петерс и Вокап постигнаа по 17 поени.
Реал Мадрид славеше на гости против Басконија со 77:79, а најефикасен кај гостите беше Јабуселе.