Пленковиќ: Не е реално сите земји кандидати заедно да влезат во Европската Унија

Пленковиќ-Не-е-реално-сите-земји-кандидати-заедно-да-влезат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ  изјави дека не е реално сите земји-кандидати заедно да влезат во Европската унија, ниту пак да има голем бран кога станува збор за прием на нови членки.


„Јас сум само убеден во тоа, единствената и ексклузивна политика на индивидуалните заслуги на секоја земја треба да биде фундаменталниот принцип на процесот на проширување, бидејќи ако почнеме сето тоа да го ставаме на маса, тогаш некаде критериумите секогаш ќе бидат опуштени, а некаде ќе се заострат“, изјави Пленковиќ по самитот на ЕУ во Гранада, пренесува Хина.

Тој додаде дека за Хрватска, Босна и Херцеговина е „најважната земја во однос на надворешната политика од сите соседни земји“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK