Полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола, по добиени оперативни сознанија во врска со кривичното дело “предизвикување општа опасност” односно намерно предизвикување на пожар во с.Лопатица, битолско, го приведоа В.В. (54) од с.Лопатица.
По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена кривична пријава.