Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски се сретнаа со Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Македонија.
Се разговарало како што информираат од партијата, за идните проекти и цели од значење за граѓаните и државата, при што акцент бил ставен на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
„На средбата со Гир се зборуваше и воопшто за активностите на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски и Николоски и Муцунски го информираа амбасадорот Гир за ситуацијата во земјата, при што акцент во текот на разговорот се стави на корупцијата и криминалот. Го информираа и за сознанијата дека речиси секој ден се појавува нов коруптивен скандал во кој се вклучени лица од Владата.
Укажаа на неспособноста на власта да се справи со било кој предизвик, уште помалку да развие политики на казнивост за сторителите на криминал и корупција“, се истакнува во соопштението.
Мицкоски укажал на лошата економска ситуација во која е државата и за зголеменото незадоволство и сиромаштија кај граѓаните.