Осмото издание во натпреварувачката програма МФФ Киненова носи осум драгоцени филмски стории на дебитанти и перспективни автори кои ги рушат стереотипите на воздржаност и одважно и вртоглаво се втурнуваат во вителот на актуелното, горливото, ранливото, убавото, грдото и доброто, одмаздољубивото и рамнодушното, тажното и среќното, она што ни е на дофат, и во она што е далеку од нас, во трансцедентното и во суровото реално.
На денешната прес конференција директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ, ја претстави програмата која изобилува со филмови кои користат и класични и екпсериментални концепти, но „ѓаволот“ е меѓу дијалозите, онаму каде што навистина се случува филмот. Тој го соопшти годинешниот добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност, српскиот актер Бранислав Лечиќ, како и филмот кој ќе го отвори Фестивалот. Станува збор за долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено“ (Behind the Haystacks), дебито на грчката режисерка Асимина Проедроу, во кој копродуцент е и македонската куќа „Сектор филм“, кој доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија.
Киненова во својата осма едиција се обидува да ги одржи високо поставени стандарди во однос на програмата, бидејќи новите авторски филмски гласови се повеќе се присутни и силно одекнуваат како на филмските фестивали така и во киноприкажувачката мрежа низ Европа и пошироко.
„Малку повеќе калкулиравме и ги чекавме да завршат фестивалите во Карлови Вари и Локарно, фестивали во чии програми се вложува огромен труд, посветеност и доверба во младите и перспективни филмаџии. Така и овојпат, го создадовме овоа наше осмо патување преку осмото сетило со филмови кои знаеме дека долго ќе се паметат, заради нивната авторска умешност и занаетска сензибилност. Главната селекција ја започнвме да га градиме почнувајќи со два филма од годинешново Берлинале прикажани во Главната и програмата Панорама: 20.000 видови пчели на исклучителната баскијка Естибалиц Уресола Солагурен. Во Берлин 11 годишната талентираната Софиа Отеро ја понесе наградата Сребрена мечка за актерско остварување. Филм за збунетоста на едно дете, кое само се справува со својот идентитет и прашањата на еден затворен екосистем на матријархат на пчеларки во едно баскиско село. Деликатен, полн со нежност филм. Овој филм годинава е кандидат за Оскар на Шпанија, вклучен во 40те играни филмови кои се во трка за Европскиот оскар, а нејзиниот краток филм Хорда исто така е во конкуренција за најдобар краток филм кандидат за Европската филмска награда и контроверзниот Феемме (Женствена), на двоецот Сем Фриман и Нг Чон Пинг од Велика Британија, осведочени поборници за родовата еднаквост и правата на ЛГБТ заедницата, со своето деби за прославената драг кралица и уметница Афродита Бенкс соочена со нејзиниот кошмар и справувањето со него. Филм за кој се бараше карта повеќе на Берлинскиот фестивал, а потоа беше прикажан и во Монтреал, Единбург, Сараево итн. Режисерскиот концепт иако класично развиен, добива своја моќ над гледачот заради неговите одлични ноќни кадри, Третиот филм е филмот Празни мрежи, ( јалови мрежи), дебитантски игран филм на познатиот германско ирски документарист Бехруз Карамиѕаде кој со една згусната меланхолија ни ги открива љубовните искри на Амир и Наргес, кои ги развиваат своите идни планови наспроти стереотипите на едно патријахално и затворено општество. Малото рибарско село, упорноста на Амир грижата на Наргес и неговата мајка и околината која е корумпирана, отсликани се да ја поседува онаа автентичност на познатиот ирански бран на суровиот и поетскиот реализам во исто време. Филмот ја доби Специјалната награда за режија на жглавното жири во Карлови Вари.
Единствениот македонски филм што ги предизвика нашите сетила и нашето внимание, а е во главната компетициска програма, е филмот „Преекспонирано“ на Елеоноира Венинова, филм кој диши со една сценаристичка и режисерска свежина и отвора нови дилеми за секоја атракција која е незаобиколна за нашето око и тело.
Во рамките на Киненова прикажуваме и 4 играни филма од најновата Полска кинематографија селектирани од нас, а понудени како партнерска програма на Киненова и Вистула ФФ. Годинава ќе ни гостува директорката на овој фестивал Малгорзата Скулска, познатиот режисер, сценарист, кинематографер, мултимедијален ументик Лех Мајевски со неговиот најнов игран филм Брижит Бардо, прекрасната и актерката филмот Опасен господин, Марта Ојрзинска. Останатите два филма се филмот на Јан Холубек 25 години невиност, случајот на Томек Коменда и филмот“, рече Гена Теодосиевска, уметнички директор на фестивалот.
На денешната прес-конференција присуствуваше и режисерката на „Преекспонирано“, Елеонора Венинова.
„Големо задоволство ми е што сме селектирани во официјалната програма на МФФ Киненова бидејќи ова ќе биде првиот македонски фестивал на кој имаме официјална селекција за филмот, но и бидејќи во некои од поранешните изданија на Фестивалот работев и како предселектор на кратките филмови. Светската премиера на филмот се случи во ноември минатата година во Каиро, а во меѓувреме беше на уште десеттина фестивали. Следува учество на фестивал во Женева, Луксембург и на уште еден фестивал кој сеуште не ја објавил програмата, па не смеам да го споменам“, истана Венинова, која подвлече дека особено и е драго што имаме Фестивал кој го слави првиот, вториот, па и третиот филм на режисерите затоа што навистина е тешко да се добие место, да се биде селектиран на некој Фестивал.
Проекциите на сите филмови ќе се одвиваат во Синеплекс.