Шведска најави пакет воена помош за Украина од 200 милиони долари

1693323259_ukraina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шведска ќе испрати нов пакет воена помош од 2,2 милијарди круни (200 милиони долари) за Украина, претежно составен од муниција и резервни делови за претходно донираните системи, изјави министерот за одбрана Пал Џонсон.


Новиот пакет воена помош за Украина ќе биде 14-ти од почетокот на војната, со што вкупната вредност на помошта за оваа нордиска земја ќе достигне нешто повеќе од 22 милијарди круни.

Џонсон на денешната прес-конференција рече дека владата и официјално ги задолжила вооружените сили да анализираат дали Шведска ќе може да испрати борбени авиони Јас Грипен во Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK