Ковачевски: Стратешкото делување во процесот на дигитализација ќе придонесе за забрзана евроинтеграција, економски и технолошки развој на Западен Балкан

Ковачевски-Стратешкото-делување-во-процесот-на-дигитализација-ќе-придонесе-за.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на учеството на Самитот на Европската политичка заедница, премиерот Ковачевски учествуваше на тркалезната маса посветена на дигиталната транзиција и вештачката интелигенција.


Заедно со премиерите на Обединетото Кралство, Шведска, Италија, Лихтенштајн, Хрватска, Албанија и претседателките на Ервопската комисија и на Европскиот парламент, разговараа за улогата на вештачката интелигенција како основа за идни иновации и развој на европскиот континент, дигиталната инфраструктура, улогата на социјалните мрежи и потребата од регулирање на нивната работа, известува прес-службата на Владата.

Лидерите ја потврдија потребата и итноста Европа да ги удвои напорите со цел да обезбеди лидерство во сите процесите врзани со истражувачката дејност и останатите активности кои ќе обезбедат развој на вештачката интелигенција. Тие воедно повикаа на здружување на силите на национално ниво во формирање на специфичен, европски пристап и иницијативи во развој на стандарди кои ќе бидат компетитивни на светскиот пазар.

На тркалезната маса, премиерот Ковачевски ја истакна важноста од соодветно позиционирање во однос на компаниите кои работат во доменот на вештачката интелигенција. Беше посочено дека креирањето на соодветна бизнис средина за претприемачки систем за употреба на вештачката интелигенција, е исклучително важно и за истото е потребно соодветно регулирање на пазарот. Позиционирањето на Европа и креирањето бизнис средина за она што сака да се постигне е од исклучителна важност како што истакна премиерот Ковачевски на тркалезната маса, додавајќи дека притоа е важно тоа да не е на сметка на иновациите и напредокот.

Премиерот се осврна и на телекомуникациската инфраструктура на Северна Македонија, која е најразвиена меѓу земјите од регионот, и која е основа за дигиталната трансформација и натамошниот развој и просперитет на земјата, се додава во соопштението на прес-службата на Владата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK