Новиот Samsung Galaxy SmartTag2: Чувајте ги вашите вредни работи на паметен начин

013-galaxy-smarttag2-white-dynamic
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Samsung Electronics Co., Ltd. денес го претстави Galaxy SmartTag2, кој ќе биде достапен ширум светот од 11 октомври. Galaxy SmartTag2 носи подобрувања на линијата Galaxy SmartTag, кои овозможуваат нови и подобри начини за следење на вредните работи. Подобрениот дизајн и употребливост создаваат уште повеќе можности за користење на уредот. „Постојано бараме начини да го направиме животот на луѓето поудобен преку водечките иновации на Samsung Galaxy“, рече Џејн Џанг, извршен потпретседател и директор на Центарот за платформата SmartThings во Samsung Electronics. „Со Galaxy SmartTag2, корисниците на уредите Samsung Galaxy можат да ги пронајдат своите работи на лесен и интуитивен начин. Со подобрено искуство за наоѓање и подолго траење на батеријата, Galaxy SmartTag2 им овозможува на корисниците да бидат смирени подолго време и во повеќе ситуации.

Интуитивни карактеристики за да се олесни пронаоѓањето   Целосно новиот Lost режим на работа  на Galaxy SmartTag2 им овозможува на корисниците да ги внесат своите информации за контакт преку порака. Потоа, секој што ќе пронајде предмет со уредот Galaxy SmartTag2 може со својот паметен телефон да ја скенира ознаката и да ја види пораката на сопственикот и информациите за контакт. Ова значи дека Galaxy SmartTag2, прикачен на ременот на на вашето домашно милениче, претставува пригоден начин вашиот телефонски број да биде постојано со него, на повеќето места каде што тоа се движи. Lost режимот работи со кој било мобилен уред со NFC читач и интернет пребарувач.



Galaxy SmartTag2 сега нуди подобрена функција на перспектива на компас, која го збогатува корисничкото искуство преку стрелките што ја покажуваат насоката и растојанието на уредот Galaxy SmartTag2 во однос на корисникот. Овој режим е достапен на кој било паметен телефон Galaxy со поддршка за UWB, како што е Galaxy S23 . Апликацијата SmartThings Find може да се ажурира и со новорегистрираните Galaxy SmartTags, кои сега инсталираат кратенка до апликацијата на паметниот телефон на корисникот, овозможувајќи им на корисниците побрзо да ја стартуваат SmartThings Find. Дополнително, апликацијата сега има приказ на мапа на цел екран и интуитивен интерфејс за уште посовршено корисничко искуство. И, конечно, кога се префрлувате од еден паметен телефон Galaxy на друг, SmartTag2 сега автоматски се синхронизира со оној што моментално го користите преку вашата сметка на Samsung.

Новите режими значат подолго траење на батеријата

Корисниците сега можат подолго да уживаат во својот Galaxy SmartTag2 со сосема нов режим на заштеда на батеријата, достапен покрај подобрениот нормален режим на работа. За корисниците кои користат SmartTag за постојано следење на работите, режимот за заштеда на батеријата е совршен избор за подолго траење на батеријата и следење на работите. Со овој режим на работа, батеријата на уредот Galaxy SmartTag2 сега трае до 700 дена, што е двојно подолго од претходните модели на Galaxy SmartTag. Дури и во нормален режим, траењето на батеријата сега е продолжено на 500 дена, што е за 50% зголемување во однос на претходните модели. Со флексибилноста за промена на режимите на работа, корисниците можат подолго да ги следат своите предмети – од клучеви од автомобил до велосипеди.

Елегантниот дизајн се прилагодува на уште поразновидни услови и ситуации

Новата компактна големина и дизајнот во облик на прстен го прават Galaxy SmartTag2 уште поедноставен за користење. Големиот метален круг ја зголемува издржливоста на производот, бидејќи внатрешноста на прстенот е од метал за поголема отпорност и за поддржување на додатоци, како што се копчиња и приврзоци за клучеви. Овој додаток може да се закачи и за чанти и багаж. Издржливоста на Galaxy SmartTag2 е дополнително подобрена со IP67 рејтинг   за отпорност на вода и прашина, овозможувајќи им на корисниците да ги следат своите работи во уште попредизвикувачки средини, како на пример кога се движат на отворено. Сопствениците на домашни миленици не треба да се грижат за секојдневното абење на уредот кога е во контакт со садови за храна или кога миленичето трча наоколу.

Galaxy SmartTag2 поддржува и нов режим на шетање на миленичиња, така што корисниците можат лесно да ги снимаат прошетките со нивните крзнени пријатели.

Функции за безгрижност

Galaxy SmartTag2 задржува многу од популарните функции на Galaxy SmartTag и Galaxy SmartTag+. Користи Bluetooth Low Energy (BLE) и UWB способности и применува технологија Augmented Reality (AR) Find за визуелно да го води корисникот до бараниот предмет со помош на камерата на неговиот паметен телефон Samsung Galaxy. Покрај тоа, Galaxy SmartTag2 работи во максимален опсег на Bluetooth од 120 метри и може да контролира апарати во паметен дом преку апликацијата SmartThings. Samsung останува посветен на приватноста на корисниците на Samsung Galaxy, така што локацијата на уредот е достапна само со дозвола на корисникот. SmartThings Find исто така ги кодира корисничките податоци со поддршка на Samsung Knox за дополнителна безбедност.

Исто така, со исклучување на Lost режимот, веднаш се кријат информациите за контакт на сопственикот и се брише пораката која сопственикот на уредот ја оставил. SmartThings Find, исто така, овозможува безбедност за корисниците на Samsung Galaxy преку функцијата „известување за непознат уред за следење“. Оваа функција ги известува корисниците за какво било неовластено следење со испраќање на известување, доколку SmartThings Find открие дека ги следи непознат SmartTag уред. Ова помага да се заштитат корисниците и да се спречи злоупотреба на услугите за следење локација. Galaxy SmartTag2, исто така, работи совршено со единицата SmartThings која е интегрирана во SmartThings Find и служи како скенер за уреди во домот што им помага на корисниците да ги следат вредните работи на кои е прикачен SmartTag уредот.

Единицата SmartThings ги известува корисниците за локацијата на нивниот означен предмет – од лични предмети како далечински управувачи на ТВ, паричници, клучеви, и регистрирани уреди како паметни телефони, таблети, часовници и слушалки. Сопствениците на домашни миленици добиваат и известување кога ременот со уредот премногу ќе се оддалечи од единицата SmartThings, што помага нивните крзнени миленичиња да не се изгубат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK