Марио Балотели (33) во септември потпиша како слободен играч за Адана Демирспор, клубот за кој настапуваше во сезоната 2021/22. Вториот мандат во Адан го започна со два гола во победата од 2:0 над Алањаспор. По успешниот нов почеток во Адана, Балотели гостуваше во италијанската ТВ Плеј.
Водителот го праша дали некогаш ќе заигра за Пари Сен Жермен, на што Балотели му го покажа средниот прст.
„Нема шанси, нема апсолутно никакви шанси“, одговори Балотели, а потоа објасни: „Играв за Марсеј и Ница, значи нема шанси“.
„А што ако ти понудат плата од 10 милиони евра годишно?“, прашува водителот.
„Па, секако дека тогаш би прифатил, за 10 милиони евра би одел да играм во тимот на брат ми!“
Со тој одговор ги насмеа сите присутни, вклучително и неговиот брат Енок Барвуа, кој аматерски игра фудбал во италијанските пониски лиги.
🗣️ “Ci andresti al #PSG ?”, la risposta di #Balotelli è… 💣
👀 Anche se, seppur all’inizio netta, la posizione di Super Mario può cambiare in un caso 😂@Erfaina1988 #mariobalotelli #calcio #ligue1#olympiquemarseille #nizza #seriea #psg #parissaintgermain #alkhelaifi… pic.twitter.com/l3dcsQ7RYD
— TVPLAY (@tvplayofficial) October 2, 2023