Зеленски на самитот во Гранада: Главниот предизвик е да се зачува единството низ Европа

Зеленски-на-самитот-во-Гранада-Главниот-предизвик-е-да-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека зачувувањето на единството во Европа е главната задача на самитот на Европската политичка заедница во Гранада.


„Главниот предизвик е да се зачува единството во Европа, не само во ЕУ туку и во цела Европа“, рече Зеленски по пристигнувањето на самитот.

Тој предупреди на, како што тврди, руски „дезинформациски напади“.

На тој состанок беа поканети 47 шефови на држави и влади, како и претседателот на Европскиот совет, претседателот на Европската комисија и претседателот на Европскиот парламент.

Лидерите ќе разговараат за подобрување на политичкиот дијалог и соработка со цел зајакнување на безбедноста и стабилноста на европскиот континент, се додава во соопштението.

„Ќе посветиме посебно внимание на регионот на Црното Море, како и на нашите заеднички напори за зајакнување на глобалната безбедност на храната и слободата на навигација“, рече Зеленски во објавата на платформата Х (Твитер).

Тој изјави дека клучниот приоритет на Украина е да ја зајакне својата воздушна одбрана како што се приближува зимата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK