Два воза утрово се судрија во градот Гдиња во северна Полска, а во несреќата се повредени пет лица, соопшти итната помош.
Четири лица се пренесени во болница, додека на петтото лице му била укажана помош, пренесува „АП“.
Противпожарната бригада на Гдиња соопшти дека сите повредени се вработени во железницата.
Судирот се случил во 7 часот наутро во близина на главната станица во Гдиња, град на Балтичкото Море.
Во судирот првиот вагон на воз се превртел на страна, според фотографиите објавени во полските медиуми. Причината за несреќата се уште не е позната, јави „АП“.