Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак вечерва објави дека разговарал со група на европарламентарци за ситуацијата во Западен Балкан и европската интеграција на регионот.
Briefed @TheProgressives and @EPPGroup on the latest in the Dialogue in Strasbourg yesterday. Grateful for the opportunity of an engaging discussion and the interest in our 🇪🇺 work in the Western Balkans. Important to work together to make EU integration of the region a reality. pic.twitter.com/lZ7JDHLcA8
— Miroslav Lajčák (@MiroslavLajcak) October 4, 2023
„Брифинг со претставници на групата социјалисти и демократи и Европската народна партија во ЕП за дијалогот во Стразбур“, објави Лајчак на социјалната мрежа X (Твитер), веднаш по состанокот.
Тој додаде дека е благодарен за можноста за дискусија и интерес за работата на европските претставници на Западен Балкан.
„Важно е да се работи заедно за да се оствари европската интеграција на земјите во регионот“, пишува Лајчак.