Папата Франциско до светските лидери: Се приближуваме до точката од која нема враќање

Папата-Франциско-до-светските-лидери-Се-приближуваме-до-точката-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Папата Франциско ги повика светските лидери да се посветат на мерки кои ќе ги забават климатските промени пред да биде предоцна, предупредувајќи дека божјото дело, кое се загрева сè побрзо и побрзо, се приближува до „точката од која нема враќање“.


„Сега веќе не можеме да ја запреме огромната штета што ја предизвикавме и тешко дека имаме време да спречиме уште потрагична штета“, предупреди папата.

Римокатоличкиот водач директно ги нападна САД, велејќи дека емисиите на стакленички гасови по глава на жител се двојно повисоки отколку во Кина и седум пати повисоки во просек отколку во сиромашните земји.

Иако, како што рече, индивидуалните напори на домаќинствата помагаат, „можеме да кажеме дека голема промена на неодговорниот начин на живот поврзан со западниот модел ќе има значително долгорочно влијание“, додаде тој.

Документот наречен „Да го славиме Бога“ е објавен на денот на празникот на Свети Франциско Асизи, имењакот на папата познат по неговата љубов кон природата, а неговата цел е да ги охрабри светските лидери кои не се согласуваат да се договорат за обврзувачките климатски цели во следниот круг на глобалните климатски преговори во Дубаи под покровителство на Обединетите нации.

Користејќи прецизни научни податоци, остра дипломатска аргументација и теолошко расудување, Франциско во документот „Да го славиме Бога“ го изразува ставот дека светот има морален императив да ги замени фосилните горива со чиста енергија што е можно поскоро, користејќи средства кои се „ефикасни, обврзувачки“ и можат да се следат.

Папата жестоко ги нападна луѓето, вклучително и некои од Римокатоличката црква, кои фрлаат сомнеж на научните тврдења дека стакленички гасови предизвикуваат климатски промени. Саркастично се справуваше со нивните аргументи, покажа дека нема трпение за нивниот профитерски менталитет, а тврдењата дека ќе се изгубат работни места со преминувањето на чиста енергија ги нарече глупости.

Тој исто така рече дека растот на емисиите на стакленички гасови и порастот на глобалните температури започнале со индустриската револуција и дека тие особено се забрзале во последните 50 години.

Според него, веќе не е можно да се сомневаме во „човечкото потекло на климатските промени“.

Изјави дека уништувањето е веќе започнато и дека некои последици, како оние за биолошката разновидност, веќе не можат да се отстранат и се ќе се претвори во лавина, доколку веднаш не се преземе акција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK