Доделена Нобеловата награда за хемија на тројца научници кои работат во САД

Доделена-Нобеловата-награда-за-хемија-на-тројца-научници-кои-работат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нобеловата награда за хемија за 2023 година им е доделена на Мунги Бавенди, Луис Е. Брус и Алексеј Екимов за откривање и синтеза на таканаречените квантни точки.


Престижното признание за хемија за 2023 година им е доделена на тројца научници кои работат во САД: Мунги Бавенди, Луис Е. Брус и Алексеј Екимов, соопшти Кралската шведска академија на науките во Стокхолм. Тројцата научници се наградени за откривање и развој на таканаречените квантни точки, наночестички кои се толку мали што нивната големина ги одредува нивните својства.

„Овие честички имаат уникатни карактеристики и ја шират својата светлина од телевизиските екрани сè до ЛЕД светилките. Тие катализираат хемиски реакции и нивната јасна светлина може да го осветли на хирурзите туморското ткиво“, посочи Академијата.

Бавенди, Брус и Екимов создадоа важни основи за областа на нанотехнологијата во 1980-тите и 1990-тите.

Мунги Бавенди е француски хемичар со туниско потекло, професор на МИТ – Технолошки институт во Масачусетс, САД. Луис Е. Брус е американски професор по хемија на Универзитетот Колумбија, а Алексеј Екимов е руски физичар, кој работи во САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK