Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 221 возач, извести МВР.
– Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место, соопшти МВР.
Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови.