Врховниот суд на САД денеска го отфрли случајот со кој се бара дисквалификација на Доналд Трамп од претседателските избори во 2024 година, врз основа на уставната одредба која забранува секој што „учествувал во бунт“ да извршува јавна функција.
Судиите ја отфрлија жалбата на Џон Ентони Кастро, даночен консултант од Тексас, кој побара во рамките на 14-тиот амандман на американскиот Устав Трамп да биде дисквалификуван како кандидат за претседателска номинација на Републиканската партија, пренесува Ројтерс.
Во својата тужба, Кастро тврдеше дека Трамп, со своите постапки за време на немирите и нападот на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година, учествувал во бунт со неговите поддржувачи.