Со интонирање на државната химна, секој понеделник ќе започнува наставата во сите основни училишта на територијата на Општина Аеродром, најави градоначалникот Тимчо Муцунски.
На својата фејсбук страна тој објави и видео од денешното интонирање на химната.
„Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, но и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција“, напиша Муцунски.