Според глобалниот индекс на мирот: Исланд е најбезбедната земја на светот, Македонија е на 38 место

Според-глобалниот-индекс-на-мирот-Исланд-е-најбезбедната-земја-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На листата на најбезбедни земји во светот според Глобалниот индекс на мирот, Исланд се смета за најбезбедна земја во светот.


Спортед објавениот список Македонија е на 38 место, неколку места пред нас е Бугарија а позади нашата држава се Албанија, Црна Гора, БиХ, Србија и Косово.

GPI ги рангира земјите според широк спектар на фактори, од нивоа на насилство и криминал до тероризам и меѓународни конфликти, според „klix“.

Втора на листата е Данска, делумно поради ниското ниво на владина корупција, додека трета е Ирска, која скокна за пет места од истражувањето во 2022 година.

Кога станува збор за земјите од Балканот, најдобро позиционирана на листата е Словенија која е на 8. место. Хрватска е на 14 место, Северна Македонија на 38, Босна и Херцеговина на 61 место и Србија на 65 место, што ја прави најлошо позиционирана земја на Балканот, пренесува медиумот.

На другиот крај од спектарот, според написите, се земјите кои страдаат од војна, широко распространето насилство и политичка нестабилност, што ги прави неверојатно несигурни – Авганистан, Јемен, Сирија, Русија и Јужен Судан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK