Рома стигна до вториот триумф во Серија А оваа сезона откако на „Олимпико“ го совлада Фросиноне со 2:0. Тимот на Жозе Мурињо одговори на притисокот и успеа да слави по лошиот старт на сезоната.
Ромелу Лукаку во 22.минута го отвори резултатот, а триумфот го потврди Лоренцо Пелегрини со погодокот во 83.минута. Двоен асистент беше Пауло Дибала.