И Германија ја повика Србија да ја намали војската на границата со Косово

И-Германија-ја-повика-Србија-да-ја-намали-војската-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германската Влада ја повика Србија да ја деескалира ситуацијата на границата со Косово.



„Не смее да има понатамошна ескалација меѓу Србија и Косово. Важно е Србија веднаш да ја намали бројноста на своите војници на границата“, се вели во соопштението на германското Министерство за надворешни работи.

Истовремено, се нагласува дека Берлин и неговите партнери се во „интензивен контакт со сите страни“.



„Политичкиот процес мора итно да продолжи“, се заклучува во соопштението, алудирајќи на преговорите меѓу Белград и Приштина за иднината на односите.

Тензиите меѓу двете земји се зголемија откако минатата недела косовската полиција се судри со 30 тешко вооружени Срби кои упаднаа во косовското село Бањска и се забарикадираа во српскиот православен манастир. Убиени се тројца напаѓачи и еден полицаец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK