Колку и да сака ВМРО ДПМНЕ да амнестира свои поранешни избрани и именувани лица, таков закон нема да има, велат од министерството за правда

Колку-и-да-сака-ВМРО-ДПМНЕ-да-амнестира-свои-поранешни.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неосновани се тврдењата на претстедалот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Законот за амнестија ќе се носи во скратена процедура со европско знаменце.


Министерот за правда Кренар Лога уште од првиот ден, а исто така и на брифингот со медиуми кој се одржа минатата недела јасно кажа дека овој закон нема да се носи со европско знаменце и дека лично тој е против можноста од злоупотреба на европското знаме за носење на закони.

ВМРО ДПМНЕ да не зазема став на празно, кога се информирани уште од првиот дне за сите детали. Законот за амнестија е ист како оној од 2018 година, со истите кривични дела за кои не е предвидена амнестија. Тој закон беше потпишан и поддржан од ВМРО ДПМНЕ. Колку и да сака ВМРО ДПМНЕ да амнестира свои поранешни избрани и именувани лица, таков закон нема да има.

Во однос на најавите за напуштање на Парламентот од страна на пратниците на ВМРО ДПМНе, тоа е добредојдена вест за граѓаните на нашата држава. Немањето став за битни прашања и политиките на блокада подобро се изразуваат со напуштање на Собранието и тоа е гест за поздравување од наша страна. Можеби, господинот Христијан Мицкоски вака сака да и помогне на татковината со отворање простор за изгласување на уставните измени и отворање на патото кон ЕУ, соопштија од Министерството за правда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK