Откако директорот на АХВ денеска ги демантираше тврдењата на Цветан Триупоновски од ВМРО-ДПМНЕ дека млеко и јогурт со афлатоксин се продавале во макеодонските маркети, тој на ФБ напиша дека Бабовски не приложил ниту еден доказ.
„Бабовски денес повторно покажа дека не му е гајле за народот. Ниту еден доказ, ниту еден конкретен демант. Сериозна власт денес ќе презентираше конкретни докази дека постапката е согласно закон, ниту видовме записници ниту решенија за мерки дека канцерогените млеко и млечни производи се вратени односно соодветно уништени. Несериозно е како институција директор на АХВ да излезе за ваков скандал и да каже дека Цветан и ВМРО лажат и шират паника, без да приложи барем еден доказ. Повторно го повикувам Бабовски да излезе и со документи и докази за постапките кои наводно ги имаат преземено. Во меѓувреме нека си ја спрема и оставката, но и нека се подготвува за одговорност, за скоро време“