Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг објави порака со осуда во врска со обидот за терористички напад во Анкара.
Столтенберг на својот профил на социјалните мрежи изјави: „Најостро го осудувам терористичкиот напад врз Министерството за внатрешни работи во Анкара денеска и посакувам брзо закрепнување на полицајците повредени за време на службената должност.
„НАТО е солидарна со Турција во борбата против тероризмот“, рече тој.