Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа избори пласман во финалето на фјучрс турнирот во Куршумлиска бања, Србија.
Во саботата, за само 58 минути, Ѓорческа ја декласира Доминика Салкова од Словачка. Ѓорческа на својата противничка и препушти само четири гема. Првиот сет го доби со 6:1, вториот со 6:3. за место во финалето.
Противничка на Ѓорческа во борбата за трофејот ќе биде Летонката Даниела Висмане или Антонија Ружиќ од Хрватска.
Фото/ mtftennis.mk