УЕФА жестоко го казни Партизан

УЕФА-жестоко-го-казни-Партизан.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

УЕФА му изрече сериозна казна на фудбалскиот клуб Партизан поради однесувањето на неговите навивачи на последниот европски натпревар одигран во Белград.


Натпреварот против Нордсјеланд во плеј-офот за Конференциската лига Партизан го загуби со 0:1 и со вкупни 0:6 испадна од ова натпреварување, аУЕФА во одредени моменти навивањето го оцени како расистичко.

Поради ова, следниот европски натпревар црно-белите ќе мора да го играат зад затворени врати, додека казната се однесува на уште еден натпревар условно во следните две години.

Така, доколку се повтори ваков инцидент, УЕФА повторно ќе го затвори стадионот на Партизан на подолг период.

Како и досега, казната не важи за деца помлади од 14 години, кои ќе имаат право да бидат присутни на стадионот.

УЕФА веќе го казни Партизан оваа сезона, па дел од трибините против Нордсјеланд беа затворен поради дискриминаторските извици на мечот со Сабах.

Тогаш Партизан плати казна од 40.000 евра.

Фото/ Б92

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK