Милан Радоичиќ призна дека ја организирал групата во Бањска: „Лично ги направив сите подготовки“

Милан-Радоичиќ-призна-дека-ја-организирал-групата-во-Бањска-„Лично.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Потпретседателот на Српска листа, Милан Радоичиќ, ја презеде целосната одговорност за настаните во селото Бањска на северот на Косово. Неговата изјава за медиумите ја прочита адвокатот Горан Петронијевиќ.


„Ја информирам јавноста дека на 24 септември заедно со моите сонародници дојдов на северот на Косово во регионот на Бањска“, се вели во соопштението на Радоичиќ.

Како што додава, причината за неговото враќање на Косово била „да го охрабри народот во отпорот против режимот на Албин Курти“.

Радоичиќ во својата изјава истакна дека нема помош од властите во Белград, ниту пак ги информирал за своите намери бидејќи веќе се разделиле за одредени позиции.

На прашањето на новинарот N1 дали знае каде е Милан Радоичиќ, и зошто се крие од јавноста, Петронијевиќ рече дека Радоичиќ не се крие.

„Ги информирам сите дежурни прогонувачи на српскиот народ дека лично ги направив сите логистички подготовки за одбрана на српскиот народ од окупаторите и овој чин нема никаква врска со мојата претходна политичка инволвираност. За ова не известив никого од српските власти или локални структури, ниту пак добив помош од нив, бидејќи дотогаш веќе имавме разлики во мислењата“, се вели во писмената изјава на Радоичиќ.

Тој изјави и дека Србите на Косово во неколку наврати се повлекувале без да постигнат видлив резултат, што, според неговото толкување, приштинската страна не го сфатила како добра волја и создавање предуслови за преговори, туку како слабост.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK