Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, поднесе оставка од функцијата, соопшти српскиот претседател за шпанската национална телевизија ТВ Еспањола.
„Радоичиќ не сака дополнително да ѝ наштети на Српската листа“, изјави Вучиќ, пренесува Euronews Србија.
Тој напомена дека Српска листа ја гледа како борци за слобода и дека истото го мислат сите Срби кои живеат на Косово.
Во интервју за шпанската национална телевизија, српскиот претседател ја опиша ситуацијата во Косово како загрижувачка.
„Не знам дали тоа што се случи беше пресвртница. Многу сум загрижен бидејќи знам колку се агресивни Албин Курти и Вјоса Османи. Особено кога веруваат дека имаат голема поддршка од дел од меѓународната заедница, а тоа ме загрижува и плаши“, изјави Вучиќ.
Властите во Приштина го поврзаа Милан Радоичиќ со пукањето во Бањска. Косовската полиција денеска изврши претрес во зградата во која живее.