Димитриевски: Зошто учебниците да ни бидат напишани во Софија, а ЕУ го штити интересот на една земја членка?

maksim dimitrievski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Зошто учебниците да ни бидат напишани во Софија, зошто ЕУ го штити интересот на една земја членка? Како што се донесе декларацијата во германскиот парламент, зошто сите земји членки не го сторат истото, да добиеме и ние некои гаранции, праша Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во вчерашното гостување во “Само Интервју”.

По однос на овие прашања, Димитриевски категорично вели “Прво сум за Македонија, потоа сум за Европска унија и за сите наши сојузи кои ние како држава на стратешко ниво ги креираме”, јасно одговарајќи дека нема никогаш да поддржи нешто што е против Македонија.


“Сето она што е против Македонија не го поддржувам. Овој предлог којшто беше даден и потпишан од нашата страна, всушност е предлог што директно штети на националните, државните интереси, на македонскиот народ и на македонската држава и по дефолт истиот предлог ќе мора да претрпи одредени измени”, вели градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски за францускиот предлог и уставните измени.

Според него факт е дека власта беше подготвена да потпише се, со цел да остане на власт, на сметка на тоа што се поголем број млади се иселуваат од државата во која цвета криминал и корупција.

“Младите бегаат од државата, но првата причина е корупција, мито, нееднаквост во општеството, недостаток на правда, несреден систем. Велат Двојно ја зголемивме бројката на полицајци во државата”, а од друга страна немате никаква сигурност. Страдаат жени што претходно сто пати пријавувале во полиција за семејно насилство. Имате претставници на државна власт коишто спротивно на законот вршат дејание, ги пријавувате пред надлежните органи а тоа е обвинителството и нема резултат за никаква пријава. Затоа младите си заминуваат, ама Европската унија тоа не го решава, тоа мора да го решиме ние сами”, вели Димитриевски.

За крај Димитриевски порача дека една од заложбите на идната власт чијшто предводник ќе биде новиот политички субјект којшто ќе се формира во октомври, е имплементација на европскиот процес на земјата.

“Ние немаме проблем со Европската унија, ние имаме едностран проблем со Бугарија. Ние ќе го реализираме тој европски процес во следниот период по имплементација на власта. Но на едни зрели, стабилни основи што ќе дадат резултат за двете страни во билатералниот спор, а притоа ќе бидеме сериозен стратешки партнер на ЕУ”, истакна тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK