Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска во Стразбур, Франција ќе учествува на 26-та сесија на Конференцијата на министри за образование на Советот на Европа, која се одржува на тема „Трансформативната моќ на образованието: универзални вредности и граѓанска обнова“.
Шаќири ќе има свое излагање на панел дискусијата „Искористување на придобивките од дигиталната трансформација во образовниот процес“ и ќе се осврне на досега реализираните системски промени и спроведени проекти, како и на планираните активности на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за образование и наука за забрзување на процесот на дигитализација на образованието.
На конференцијата ќе биде промовирана и Стратегијата за образование 2030 на Советот на Европа, а ќе се дискутира и за искуствата и предизвиците на образованието во услови на кризи и вонредни состојби.