Фудбалерот на Њукасл, Харви Барнс, ќе биде надвор од терените до крајот на 2023 година. Барнс го повреди стапалото на натпреварот против Шефилд јунајтед во шестото коло во Премиер лигата.
На таа средба „Страчките“ како гости го забележаа славеа на „Брамал Лејн“ со 8:0. Барнс го започна мечот како лево крило, но во 12. минута наместо него на теренот влезе Ентони Гордон.
„Харви нема да може да ни помогне во следните три месеци. Операција не е неопходна, тоа е добра вест, но неговото стапало сега е во ортопедска „чизма“. Тоа е повреда во близина на еден од прстите. „Процесот на рехабилитација започна – сега мора да мирува“, рече менаџерот Еди Хау.
Барнс летото дојде во Њукасл од Лестер, за сума од 44.000.000 евра, за „страчките“ одигра седум натпреварувари натпревари и постигна еден гол.
Покрај Барнс, Хау може да смета и на Гордон на левата крилна позиција, но на таа позиција можат да играат и Александар Исак и Жоелинтон.