Лав усмрти чувар во зоолошка во Јапонија

Лав-усмрти-чувар-во-зоолошка-во-Јапонија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чувар на зоолошката градина во Јапонија бил убиен од лав кога се обидел да го намами во кафезот со храна.


Кеничи Като, 53-годишен работник во паркот „Тохоку сафари“ во регионот Фукушима, вчера попладнето бил пронајден крвав на вратот и онесвестен во кафезот со лавот, изјави за АФП портпаролот на локалната полиција.

„Се верува дека го хранел лавот“, изјави портпаролот.

Претходно беше кажано дека Като се обидел да го намами лавот во кафезот со храна, но не ја заклучил вратата што требало да го одвои од големата мачка.

Като работел 27 години со лавови, тигри и мечки, пишува Дејли мејл.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK