Расчистени 10 кривични дела, приведениот крадец ги признал кражбите

policija-skopje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во Полициската станица Радовиш е задржан 21-годишниот С.Р. од Радовиш, кој бил лишен од слобода на подрачје на Охрид, по барање и телеграма на Полициската станица Радовиш, извести МВР.


– Тој се сомничи дека во текот на 2023 година извршил повеќе кривични дела на подрачјето на Радовиш. Во службениот разговор во полициска станица, тој признал дека извршил девет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“, соопшти МВР.

За преземените мерки е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK