Не дадов датуми на владината седница на Владата на Србија, но верувам и се надевам дека изборите ќе се одржат во декември, изјави денеска премиерката Ана Брнабиќ во врска со информациите што се појавија во одредени српски медиуми дека наводно побарала од министрите и државните секретари на седницата сите уредби и прописи кои се во процедура да бидат донесени до средината на октомври.
„Не се точни информациите што ги добивте од луѓето кои беа присутни на владиниот состанок. Не дадов датуми“, рече премиерката.
– Што се однесува до мене, верувам и се надевам дека тоа ќе биде во декември. Секогаш сме подготвени за избори, јас реков дека мислам дека е подобро да се одржат порано отколку подоцна и конечно, а пред два месеци кажав дека мојата оставка е на маса и дека опозицијата, ако сака избори, треба да почне, им изјави Брнабиќ на новинарите во Белград.
Брнабиќ додаде дека се е во согласност со она за што претходно зборувале, но и во согласност со барањето на опозицијата од септември.