Јубилеј кој говори за успешна одржливост – Раде Кончар Сервис бележи 75 години постоење

Logo Rade Koncar Sevris
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три четвртини век во кој се преживува единствено поради подготвеноста за трансформација, решителноста за трајност и негување на традицијата. Тоа е успешната приказна за 75 години традиција во постоењето, со што ретко која компанија може да се пофали

Неколку пати трансформирана, надградувана и стратешки ре-позиционирана, Раде Кончар Сервис успеа да одолее на сите премрежија и да остане на врвот во својата дејност.


Раде Кончар Сервис која е и активна членка во Здружението на метална и електроиндустрија при Стопанската комора, денес бележи 75 години постоење и претставува национален лидер кога станува збор за производство и сервисирање на трансформатори. Раде Кончар Сервис е единствена компанија на Балканот и пошироко која поседува постројка за деконтаминација на трансформатори контаминирани со ПХБ. За оваа дејност е наградувана во европски рамки поради огромниот еколошки придонес.

Испорака на стандарден квалитет, подготвеност за адаптирање на потребите на пазарот, и секако вложување во човечкиот капитал се основа на кои ја темелиме нашата компанија, преку која ја градиме и неjзината иднина”, истакна Владанка Трајкоска, директор на Раде Кончар Сервис.

 Иднината на Раде Кончар Сервис е во непрекинатото подобрување на квалитетот и ефикасноста на производствениот процес за зголемување на постоечките капацитети, како и во инвестиции во нови технологии, автоматизација и роботика. Притоа, континуирано се работи на подигнување на нивото на производство на трансформаторите, чија моментална примена се наоѓа во фотоволтаични и хидро централи, индустријата, градежништвото, европските дистрибутивни мрежи. Целта се светските пазари со повисоки перформанси, енергетска ефикасност и еколошка издржливост.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK