Најстарите европски чевли пронајдени во пештера во Шпанија

Најстарите-европски-чевли-пронајдени-во-пештера-во-Шпанија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Научниците велат дека ги идентификувале најстарите чевли во Европа, сандали исткаени од трева за кои се смета дека се стари околу 6.000 години. Тие беа меѓу мноштвото антички предмети откриени во една пештера во Шпанија, кои беа украдени од рудари во 19 век, но беа анализирани во нова студија.



Ниската влажност и студените ветрови во пештерата ги направија невообичаено добро сочувани. Истражувачите, исто така, анализирале корпи и комплети алатки. Коавторката на студијата Марија Хереро Отал изјави дека предметите се „најстариот и најдобро зачуваниот збир на материјали од растителни влакна во јужна Европа досега познат“.

„Документираната технолошка разновидност и третман на суровините ја истакнуваат вештината на праисториските заедници“, додаде таа. Новите техники за датирање покажаа дека колекцијата од 76 предмети пронајдени во пештерата е околу 2.000 години постара отколку што се мислеше, пишува Би-Би-Си.

Некои предмети во комплетот датираат од пред 9000 години. Анализираните сандали користеле различни видови трева во нивната структура, истакнуваат истражувачите, но вклучиле и други материјали, како кожа и вар. Тие потекнуваат од неолитскиот период, што ги прави постари од кожните чевли стари 5.500 години, откриени во една пештера во Ерменија во 2008 година.

Пештерата во која се пронајдени сандалите стари 6.000 години се вика „Cueva de los Murciélagos“ или Пештера на лилјаците, а се наоѓа во Андалузија, на југозапад од Шпанија. Според истражувачите на оваа студија, до пештерата првпат пристапил во 1831 година, земјопоседник кој собирал измет од лилјаци, корисни за правење ѓубриво.

Помалку од две децении подоцна, ја користеле рударите кои откриле галерија со делумно мумифицирани трупови, корпи, дрвени алатки и меѓу другото, заби од диви свињи и уникатна златна дијадема.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK