Снимка од претресот во Косовска Митровица: од зградата во која живеел Радоичиќ запленети два мерцедеса со белградски таблички

Снимка-од-претресот-во-Косовска-Митровица-од-зградата-во-која.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Припадници на специјалната единица на косовската полиција извршија претрес во зградата во северниот дел на Косовска Митровица каде живееше потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ.



Како што објави Н1, околу зградата биле распоредени голем број оклопни возила со долги цевки.

Косовската полиција запленила две луксузни возила „мерцедес“ со белградски таблички и еден квад без таблички.

Како што може да се види на видеото, возилата се однесени од околината на зградата во придружба на оклопни возила на косовската полиција.

Ресторанот Греј се наоѓа на приземјето на зградата, а истоимениот хотел со идентично лого постои и на Копаоник. Тој хотел бил поврзан со Звонко Веселиновиќ. Сепак, според јавно достапните податоци, сопственик на ресторанот во Косовска Митровица е Ема Радоичиќ.

Коссев известува дека косовските специјалци од ресторанот зеле две хартиени кеси и ги ставиле во службеното возило.

Претреси се направени на уште неколку локации во Косовска Митровица, како и во Звечан и Зубин поток.

Специјалните единици на косовската полиција утрово упаднале во Клиничкиот болнички центар во Митровица, изјави за Танјуг директорот на таа институција д-р Златан Елек. Тој рече дека без знаење на управата на болницата извршиле претрес во пералната и одредени канцеларии.

Според Елек, тие заплениле и снимки од камерите на КБЦ.

Како што изјави, припадниците на специјалната единица на косовската полиција рекле дека имаат налог за претрес од судот, кој бил на албански јазик и кој тој не можел да го разбере.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK