ЕУ забранува микропластика во козметиката

ЕУ-забранува-микропластика-во-козметиката.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светките во козметиката и разните сјаеви треба да заминат во историјата по одлуката на Европската комисија да ја ограничи употребата на микропластика што намерно се додава на производите, поради што трговците на козметика подготвуваат промотивна продажба на такви производи.


На 25 септември, ЕК усвои мерка која, во согласност со законодавството на ЕУ за хемикалии (регулатива REACH), ја ограничува микропластиката што намерно се додава на производите. Оваа мерка не се однесува само на козметичката индустрија, туку има и пошироки импликации.

Но, во следните 20-тина дена новото правило ќе биде најзабележливо токму во трговијата со козметика.

Новите мерки имаат за цел да спречат ослободување на околу половина милион тони микропластика во животната средина. Ќе биде забранета продажба на самата микропластика и производи на кои намерно се додава, а исто така и се испушта од нив при употреба. За оправдани случаи се применуваат отстапувања и преодни периоди, за да можат субјектите на кои важат новите правила да се прилагодат.

Се применува широка дефиниција за микропластика – ги вклучува сите честички од синтетички полимери кои се со големина помала од пет милиметри, а се нерастворливи и отпорни на распаѓање. Целта е да се намалат емисиите на намерно додадена микропластика од што е можно повеќе производи.

Некои од многуте вообичаени производи опфатени со ограничувањето се грануларни материјали за полнење што се користат во вештачки спортски површини, козметички производи во кои микропластиката се користи за различни намени, детергенти, омекнувачи, сјај, ѓубрива, производи за заштита на растенијата, играчки, лекови и медицински производи.

Првите мерки, како забраната за сјајот и микромонистите, ќе почнат да важат со стапување на сила на ограничувањето, за 20 дена. Во други случаи, забраната за продажба ќе се применува по подолг период, за да им се даде доволно време на засегнатите страни да развијат алтернативи.

Отстапувањата од забраната за продажба се однесуваат на производите што се користат во индустриски локации или кои не испуштаат микропластика, но нивните производители ќе мора да дадат упатства за правилна употреба и отстранување на овие производи за да се спречи ослободување на микропластика.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK