14-годишна девојка во Ирска почина откако се обиде да сними опасен интернет предизвик

14-годишна-девојка-во-Ирска-почина-откако-се-обиде-да-сними.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

14-годишна ирска тинејџерка почина откако се обиде да го направи виралниот „Тик-ток“ предизвик „хромирање“.



Полицијата во Ирска сега ја истражува причината за смртта на Сара Мескал која колабирала откако се обидела да го сними предизвикот.

Во тешка состојба била префрлена во болница, била во индуцирана кома, но набргу починала.

Предизвикот за хромирање на „Тик-ток“привлече многу загриженост бидејќи е прогласен за опасност по здравјето.

Тоа вклучува вдишување дезодоранси и други токсични материи кои потенцијално можат да доведат до смрт. „Хроминг“ е жаргонски термин што се користи во Австралија за да се опишат опасните активности. Предизвикот вклучува вдишување на испарувања од штетни материи како што се спрејови или лименки со боја.

По смртта на Сара, се огласи и ПР на „Тик-ток“ и негираше дека овој тренд се појавил на таа платформа.

„Сакаме да изразиме сочувство до семејството на починатото девојче. Сакаме да нагласиме дека овој опасен предизвик е строго забранет на нашата платформа и дека секоја содржина на оваа тема што ќе ја најдеме веднаш се отстранува“, објавија тие.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK