Американскиот државен секретар Ентони Блинкен не ја исклучува можноста американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот Владимир Путин повторно да се сретнат во иднина.
„Види, никогаш не кажувај никогаш, бидејќи на крајот на денот, она што сите го сакаат, почнувајќи од Украинците, е праведен и траен мир. Значи, да видиме дали некогаш ќе дојдеме до точка каде што тоа е можно“, изјави Блинкен во интервју за магазинот „Атлантик“.
Тој додаде дека САД веруваат дека Советот за безбедност на ОН има многу проблеми и дека Вашингтон работи на тоа повеќе земји да се приклучат на оваа светска организација.
„Советот за безбедност има многу проблеми и ние работиме на нив. Ги водиме напорите навистина да го реформираме Советот, да внесеме во него земји кои подобро ја отсликуваат денешната реалност“, рече американскиот државен секретар.