Руската Федерална служба за воено-техничка соработка ја повика Бугарија да ја преиспита одлуката за испраќање оружје во Украина, за да не дозволи кршење на меѓународното право, пренесува ТАСС, цитирана од БТА.
„Пренесувањето од Бугарија во Украина на ракети ќе доведе до ескалација на конфликтот и до невини човечки жртви“, се вели во соопштението на руската федерална служба.
Руската Федерална служба за воено-техничка соработка забележува дека во согласност со член 4 од Договорот меѓу Владата на Руската Федерација и Владата на Република Бугарија од 5 септември 2002 година, трансферот на трета страна на оружје и воената опремата добиена како резултат на билатерална воено-техничка соработка е недозволива без претходна писмена согласност од Русија:
„Ова е уште еден обид за грубо кршење од страна на бугарското раководство на неговите меѓународни обврски во областа на контролата на вооружувањето, и покрај повторените објаснувања на руската страна“, се вели и во соопштението на руската служба.
Националното собрание денеска ја одобри предлог-одлуката за обезбедување дополнителна воена помош за Украина.
Во причините за одлуката се наведува дека Бугарија ќе обезбеди оружје со дефекти што може да го користи украинската армија. „Нашата земја го нема потребниот капацитет самостојно да ја поправа оваа муниција. Нивната употреба од страна на нашата армија би создала сериозен ризик за животите на бугарските војници. За разлика од Бугарија, Украина изјави дека има капацитет да стави во употреба такво неисправно оружје“, се наведува во причините за предлог-одлуката.