– Министрите за економија од Берлинскиот процес, претставници на Европската Унија и останатите партнери повикаа на брза имплементација на активностите за создавање Заеднички регионален пазар, од страна на економиите на Западен Балкан, кои целат кон носење на конкретни и директни бенефити за компаниите и граѓаните од регионот. Тоа е особено релевантно во светлината на новиот План за раст на регионот, што се однесува на постепената интеграција на ЕУ кон Единствениот пазар, кој неодамна беше објавен од страна на Европската комисија.
На состанокот насловен „Заеднички регионален пазар – чекор поблиску до Единствениот пазар на ЕУ“, што беше организирана од страна на Министерството за финансии и економија на Албанија, претставници на клучните засегнати страни дискутираа на различни теми, вклучително и за проширување на трговијата, економска конвергенција, како и интеграција на платежните системи.
Настанот се одржа во рамки на подготовките за Самитот на Берлинскиот процес и им даде можност на министрите и меѓународните партнери да ги претстават резултатите, приоритетите и главните предизвици за имплементација на Акцискиот план за Заеднички регионален пазар, како и напредокот на интеграцијата на регионот преку Берлинскиот процес, како важен инструмент за забрзување на економската конвергенција на регионот со ЕУ.
Истакнувајќи ја клучната улога на трговијата за зајакнување на економиите, Даниела Гачевиќ в.д. директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, истакна дека ЦЕФТА значително придонела за економскиот раст. Во 2022 година обемот на трговија на стоки достигнал до 8,8 милијарди, што претставува импресивно зголемување од 112 проценти, во споредба со 2014 година.
Според Балканскиот барометар, во 2022 години, 61 процент од компаниите ги нотирале бенефитите од ЦЕФТА, што претставува раст од 37 проценти, во споредба со 2015 година. Бројките покажуваат дека регионот сѐ уште има неискористен потенцијал. За да се отворат овие можности, ЦЕФТА е посветена кон адресирање на нетарифните бариери, за рационализирање на документацијата за стоки и услуги и кон зголемување на трендот на дигитализација, во согласност со политиките и стандардите на ЕУ.
„Нашата порака е јасна – нема скратен пат до ЕУ. Предуслов за идниот напредок во оваа насока е усвојување на одлуките кои се подготвени преку заедничкото работење на експертски тимови од сите ЦЕФТА страни. Седум клучни одлуки чекаат да бидат усвоени со што ќе се постигне значаен напредок и доближување до креирањето на Заедничкиот регионален пазар, нашиот мост кон Единствениот пазар на ЕУ,“ нагласи Гачевиќ.
Министрите се осврнаа на напредокот што е постигнат во рамки на ЦЕФТА, каде се усогласени седум одлуки на Заедничкиот комитет, а во моментов се преговара за уште други седум кои заедно со еден Дополнителен протокол. Тие повикаа на брзо усвојување и примена на овие одлуки за да се овозможат конкретни бенефити за бизнисите и граѓаните на Западен Балкан.
Министрите исто така повикаа и да се зголемат напорите за имплементација на Економскиот и Инвестицискиот план, како и на останатите иницијативи, како што се ЦЕФТА-ТЦТ Зелените коридори. Тие ја истакнаа и важноста на Меморандумите за разбирање за размена на податоци помеѓу царините на економиите на Западен Балкан и земјите членки на ЕУ, што се дизајнирани за да се забрза царинењето на стоката и намалувањето на времето на чекање.
Министрите повторно потсетија дека Акцискиот план за Заеднички регионален пазар е развиен за да поттикне економски развој на регионот и негово приближување кон Унијата. Заснован на четири слободи – движење на стоки, услуги, луѓе и капитал – тој има за цел да го олесни пласманот на стоки и услуги преку програмите за признавање, да го намали времето на чекање на граничните премини и Заедничките точки на премин за 30 проценти, да го зголеми движењето на луѓето, да ги направи плаќањата поевтини и поефикасни.
Значаен дел од средбата беше посветен на критичната улога на платежните системи во функционирањето на пазарот.
Министрите изразија целосна политичка поддршка и заложба за приоретизирање на активностите насочени кон зголемување на членството во СЕПА (Single Euro Payment Area), истакнувајќи ја важноста на намалувањето на трошоците за плаќањата во регионот и кон ЕУ.
Регулативата за прекугранична плаќања (924/2009) во Европската Унија гарантира дека трошоците за плаќање при прекугранични наплати не се поголеми од оние за домашни плаќања и ЦЕФТА треба да се стреми кон слична рамка за регионот.
Здравко Илиќ од Секретаријатот на ЦЕФТА го нагласи значењето на плаќањата за трговијата.
„Конкурентноста на нашите компании и стандардот на нашите граѓани можат да се зголемат со интеграција на нашите платежни системи и намалување на цената на трговските трансакции“, посочи Илиќ. Светската банка го поткрепи ова тврдење со податоци кои покажуваат дека плаќањата во регионот се за шест пати повисоки во споредба со плаќањата во рамки на ЕУ.
„Приклучувањето кон СЕПА, но и олеснување на пристапот кон платежни услуги и креирањето на регионални QR плаќања, по моделот на ЕУ, се начин како Заедничкиот регионален пазар да донесе директна корист за луѓето и бизнисите и да придонесе за идно интегрирање кон ЕУ“.
Додека Албанија се подготвува да биде домаќин на следниот Самит на Берлинскиот процес, што ќе се одржи на 16 октомври 2023 година, Секретаријатот на ЦЕФТА останува посветен на поддршката на сите иницијативи кои целат кон засилување на економските врски помеѓу неговите членки, како и кон олеснување на нивните патишта за интеграција во ЕУ.
Самитот ќе обезбеди клучна платформа за преглед на обврските и поставувањето на идните цели, насочени кон ефикасна и ориентирана кон резултати интеграција на луѓето и бизнисите од Западен Балкан во Единствениот пазар на ЕУ.