Иран денеска објави дека успешно лансирал сателит за снимање во вселената.
Државната агенција „ИРНА“, повикувајќи се на министерот за комуникации Иса Зарепур, објави дека сателитот „Ноор-3“ бил лансиран во орбитата на 450 километри над површината на Земјата, пренесе АП.
Зарепур рече дека воздушната гранка на Иранската револуционерна гарда го извршила најновото лансирање на сателит.
САД велат дека лансирањето на ирански сателити е против резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и го повикаа Техеран да не презема никакви дејствија поврзани со балистички ракети способни да испорачуваат нуклеарно оружје.
Иран вели дека лансирањето на сателитот и ракетните тестови немаат воена компонента.