Приведени насилници, го признале делото, определен им е домашен притвор

Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 25.09.2023 ги лишиле од слобода Ф.В.(25) и А.Ф.(33), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 20.09.2023 во продажен објект кај арената „Тоше Проески“ физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје.


Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признале делото.

Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка определена им е мерка домашен притвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK