Виктор Осимен, кој минатата сезона го предводеше Наполи до првото Скудето по 33 години, се најде во центарот на голем скандал во кој луѓето одговорни за социјалните мрежи во клубот јавно му се потсмеваа.
Актуелниот шампион на Италија објави видео на официјалниот ТикТок во кое го исмева Осимен како бара да го изведе пеналот кој го промаши во минатото коло против Болоња.
По 0:0 на тој натпревар, Наполи во првите пет кола има само осум бода, дури седум помалку од водечкиот Интер.
🇳🇬 This was the original video posted by Napoli about Victor Osimhen… and then deleted.
⚠️ …player’s agent Calenda announced that Osimhen is considering to take legal action against Napoli. pic.twitter.com/0PLunco9aD
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 26, 2023
Наполи лошо влезе во сезоната, многу работи во тимот не се како што треба, а тоа најдобро го покажува реакцијата на осимен во Болоња, откако тренерот Руди гарсија реши да го замени. Нигериецот му се развика на тренерот.
Најдобриот стрелец на Наполи му порача на својот тренер дека победата мора да ја бара со двајца напаѓачи, а не да се префрла на системот 4-3-3. Осимен подоцна се извини, но Наполи реши бизарно да го казни.
Прво беше објавено видео во кое се исмејуваат неговата фризура и глава, споредувајќи го со кокос.
Потоа следеше споменатата снимка во која Наполи уште повеќе се потсмева со играчот за кого платија 75 милиони евра и кој на 107 натпревари постигна 62 гола.
Објавата објавена на социјалните мрежи на култниот клуб и актуелниот шампион на Италија веднаш стана вирална, а тоа што Наполи брзо ја избриша само ја направи попопуларна.
Експресно реагираше менаџерот на Осимен, Роберто Календа.
„Она што беше објавено на официјалниот ТикТик профил на Наполи е неприфатливо. Фактот што видеото подоцна беше избришано не го намалува фактот дека му нанесе голема штета на играчот кој во последно време доволно настрада поради медиумскиот третман и лажните вести. Можно е нашиот следен чекор да биде тужба“.
Foto/ EPA