Серија земјотреси во Италија: земјата се тресеше цела ноќ, најсилниот беше рано наутро

zemjotres2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неколку земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, се случиле во текот на ноќта во големиот вулкански регион на Флегрските полиња, во близина на Неапол, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.


Според сеизмолозите, најсилниот земјотрес е регистриран во 3 часот и 35 минути и бил почувствуван во некои делови на Неапол и околните села, пренесува АНСА.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 3 километри.

Засега нема информации за материјална штета или жртви.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK